fbpx

Продолжуваат обуките на пожарникарите од Југоистокот

 Продолжуваат обуките на пожарникарите од Југоистокот

Дел од доброволните и професионалните пожарникари од југоистокот на Р.С. Македонија и југозападот на Р. Бугарија, вчера и денес (3ти и 4ти Ноември 2022) присуствуваат на третата специјализирана обука во Банско, Република Бугарија, од вкупно шест предвидени модули на специјализирани обуки како дел од активностите на проектот “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари”, соопштија денеска од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Гасење на шумски пожари и спасување жртви на терен е темата на оваа обука. Пожарникарите вториот ден го минуваат на терен со практични вежби и примери од оваа тематска единица која беше обработена од страна на Ралица Тодорова, сертифициран обучувач од Националната Асоцијација на доброволците во Република Бугарија и Главната Дирекција за пожарна безбедност и заштита на населението.

Пожарникарите и доброволците имаат можност во реални услови на планината Пирин да вежбаат реална ситуација на гаснење на шумски пожар и спасување на изгубени туристи за кои не е позната состојбата во која се наоѓаат. Во вежбата се користи дел од опремата со која работи и располага територијалната противпожарна единица на Банско.

Обуките се дел од имплементацијата на проектот за “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. Северна Македонија 2014-2020, проект кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го спроведува во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини, Благовеград, Република Бугарија

Share via
Copy link