Jугоисточниот плански регион кон енергетска независност со нови фотонапонски централи
Јас сум потрошувач и одлучувам за моите пари!
Внимавајте и проверувајте!!!
-Проверувајте го рокот на употреба на производите, но бидете внимателни и со декларацијата;
-Трикови со прелепен нов рок на траење или рок на употреба или избришан и избледен рок или декларацијасо неточни информации;
-„Производи на акција“, но со лента залепени два или повеќе од нив токму врз делот каде е запишан рокот на употреба. Тоа не значи дека се расипани или штетни, но криењето на датумот и прелепувањето на декларацијата со изменета содржина не се дозволиви и го ставаат потрошувачот во опасност;
– Во Агенцијата за храна и ветеринарство во првите девет месеци од годинава пристигнати се над 400 жалби од потрошувачите. Од нив, 27 се пријави за производи со изминат рок, две се однесуваат за преправен рок на употреба, а три се за несоодветна декларација на производите.
Каде да пријавите повреда на вашето потрошувачко право?
-Државен пазарен инспекторат- Тел. 02 3162 341 и 02 3229 934
-Организацијата на потрошувачите на Македонија- ОПМ: 02 / 3179 – 592.
-Расипана или храна со изминат рок се пријавува во Агенцијата за храна на 0800 3 22 22.
-Високи телефонски сметки или лоша услуга од телекомуникациските оператори се пријавува во Агенцијата за електронски комуникации на 190.
ТИ СИ ПОТРОШУВАЧ И ОДЛУЧУВАШ ЗА ТВОИТЕ ПАРИ!!!
Проект на Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“ финансиски поддржан од Општина Струмица