Македонските олимпијци под „научен скенер“ за Лос Анџелес 2028
На преминот Стар Дојран Грк се обидел да криумчари цигари

Синоќа во 00:15 часот на граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, во координација со царински службеници откриле кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик.
При преглед во патничко возило „ауди А8“ со црногорски национални ознаки, управувано од С.П.(66) од Република Грција, во посебни прегради во багажникот биле пронајдени 1.250 кутии цигари за кои не поседувал документација.
Возилото и цигарите биле преземени од Царинската управа за понатамошна постапка.
Фото: архива