Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Костадинов: Денеска го славиме денот на заштитниците на Струмица – Светите 15 Тивериополски Свештеномаченици
-Струмица е Струмица затоа што е една и единствена. Но овој наш град не би бил тоа што е без овој ден – ден над деновите, без овој празник – празник над празниците, без славата за светиите, без петнаесетте стари, цврсти и длабоки „жили“ од коренот на нашето христијанско стебло, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Денеска го славиме денот на заштитниците на Струмица – Светите 15 Тивериополски Свештеномаченици.Треба да ја чувствуваме Струмица за своја, треба кон неа да се однесуваме како дел од нас, треба да ја доживуваме како наш трет родител. Да бидеме нејзини чеда, нејзини ќерки и синови, или во најмала рака да го имаме градот за пријател, оти пријателството не е ништо друго туку однос со висок степен на блискост кој се темели на длабока доверба, взаемна приврзаност и заеднички интереси и погледи. Ете такви пријатели треба да бидат Струмица и струмичани, а за такво пријателство е потребна отвореност, чесност, непосредност, искреност и взаемна почит и разбирање. Колку љубов ќе и дадеме на Струмица, со толку љубов таа и ќе ни возврати. Така било отсекогаш, така ќе биде и за векутума века.Нека ни е честит и за многу години денешниот празник, нека ни е вековит споменот на заштитниците на градот, нека ни е благословена Струмица, напиша струмичкиот градоначалник.