„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Aкадемија Пандев се засили со тројца нови фудбалери за пролетниот дел од шампионатот
Академија Пандев промовираше тројца нови фудбалери за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига. Сандро Ембало, Неат Абдулаи и Иван Галевски се нови играчи на струмичкиот прволигаш.
Сандро Ембало е португалски централен дефанзивец кој доаѓа од екипата на АЦ Оулу од Финска и ја засилува одбранта и левата бековска позиција.
Неат Абдулаи е македонски интернационалец, кој веќе неколку сезони беше дел од неколку екипи во италијанската Серија Д. Последен клуб за кој настапувал е Монтебелуно, а игра на позициите крилен и централен напаѓач.
Иван Галевски доаѓа од екипата на Победа од Прилеп и ќе биде засилување на двете крилни позиции.