Градоначалникот Костадинов го објави изгледот на новиот парк во поранешната касарна
Телото на починатата старица предадено на обдукција
Телото на починатата 83-годишна старица која вчера беше пронајдена мртва во куќа на улица „Димитар Цветинов“ во Струмица е предадено на обдукција.
Синоќа е извршен увид од страна на јавен обвинител од ОЈО Струмица, а причините за смртта на старицата, како таа се случила и дали се работи за природна или насилна смрт ќе се знаат по завршувањето на обдукцијата.
Ќуќата во која е пронајдено безживотното тело на старицата и денеска ја обезбедува полицијата, а смртта на старицата во полицијата била пријавена вчера од страна на медицинските служби од Струмица.