fbpx

Струмица и Петрич ќе спроведуваат проект за заштита од непогоди

 Струмица и Петрич ќе спроведуваат проект за заштита од непогоди

„Заштита на локалното население од природни катастрофи и непогоди предизвикани од човечкиот фактор“ – ова е заедничкиот проект што општина Струмица и општина Петрич ќе го спроведуваат во рамки на Програмата за меѓугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Имено станува збор за проект вреден 400.000 евра, кој опфаќа набавка на опрема за реакција при кризни состојби во Струмица, заедничка обука на волонтери за одговор при кризи, размена на искуства на доброволните друштва и изработка на програма за обука.

Share via
Copy link