„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Пожарот кај Богданци се уште не е ставен под контрола
-Во овој момент нема активно горење на пожарот кај Богданци, чад има на повеќе места и пожарот сеуште не е ставен под контрола, информираа утрово од Центарот за управување со кризи.
-Пожарникари од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, заедно со тим од ДЗС, „Национални Шуми“ и јавното комунално претпријатие од Богданци, се обидуваат да го заобиколат пожарот од сите страни за да го изгаснат. На терен се околу 65 лица како и градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, стои во информацијата на ЦУК.
Доколку во подоцнежните часови дојде до разгорување на пожарот на располагање стојат три „Ер Трактори“ на ДЗС како и два хеликоптери на МВР, се додава во информацијата на Центарот за упраљвување со кризи.
Фото: ЦУК