fbpx

Промовирана Монографијата „Прилози за историјата на Манастирот Вељуса“ во издание на општина Струмица

 Промовирана Монографијата „Прилози за историјата на Манастирот Вељуса“ во издание на општина Струмица

Во дворот на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“ во Вељуса денеска беше промовирана Монографијата „Прилози за историјата на Манастирот Вељуса“ во издание на општина Струмица.

Градоначалникот Костадин Костадинов со посебна чест се обрати на промоцијата и им се заблагодари на сите кои учествуваа во создавањето на ова дело со непроценливо значење за нашето православно минато.

-Струмица и струмичани се пример како се чува и негува културното наследство. Струмица и струмичани се пример како се негува духовното богатство, особено кога станува збор за духовните храмови кои својата историја ја влечат долго во минатото. Поддршката за публикување на Монографијата „Прилози за историјата на Манастирот Вељуса“ е придонес во конзервирањето на знаењето за овој наш духовен бисер и духовна ризница.Манастирот во Вељуса, е еден од малобројните чии историја и постоење може да се следат од времето на основањето во XI век, па сè до денес, почетокот на XXI век, кога се возобновија традицијата и монашкиот живот во манастирот. Тоа го овозможува необично богатата и содржајна архива на историски документи и историски извори, сочувана во манастирот Ивирон, на Света Гора Атонска, чиј метох, од средината на XIII век, е манастирот во Вељуса.Монографијата во себе содржи единствени и уникатни преводи од старогрчки на македонски јазик на најстарите пишани документи кои датираат од 11 век, кои за првпат собрани на едно место ќе претставуваат можност за учење, запознавање и истражување на македонското православно минато. Од ова свето место посакувам неколку убави пораки во време кога е најтешко да се биде она што е најлесно, да се биде човек, во време кога не малку луѓе погрешно поимаат што значи прогресија, што значи регресија, во време кога сите ние и светот е исправен пред дилемата да се држиме до разумот или до моралот, оти преку практичен пример, можеби е разумно да се војува, но не е морално. Да си посакаме мир во светот, да посакаме љубов, да простиме на оние коишто погрешно поимаат прогресија и регресија, оти единственото нешто според мене, коешто е разумно и морално во денешно време е простувањето, рече градоначалникот Костадинов.

Share via
Copy link