Кај жител на Добрејци полицијата пронајде марихуана и семки од растение
Од денеска задолжително носење зимска опрема во возилата
Секторот за внатрешни работи Струмица ги информира возачите дека од денеска (15.11.2023 година) започнува периодот на задолжително носење зимска опрема во возилата, кој ќе трае до 15 март следната година.
Под зимска опрема се подразбира:
– За возила до 3500 кг: зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм или летни гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4мм и синџири за снег за погонските тркала.
– За возила над 3500 кг: зимски гуми на погонските тркала со минимална длабочина на шарите од 6 мм или летни гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм и синџири за снег за погонските тркала.
Денес и во наредните неколку дена полициски службеници од Полициските станици на подрачјата на Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово, на магистралните, регионални и локални патни правци, како и улиците во градовите и населените места на подрачје на секторот, при контрола на возачите со делење на флаери со едукативна содржина ќе ги потсетуваат за оваа нивна обврска.
СВР Струмица потсетува дека при секое констатирано непостапување по оваа законска обврска, на возачите ќе им бидат издавани прекршочни платни налози согласно член 361 став 4 од Законот за безбедност на патниот сообраќај, со кој е пропишана глоба за ваквите прекршоци во висина од 45 евра.
СВР Струмица апелира до сите возачи да ги почитуваат законските прописи и поставената сообраќајна сигнализација, посебно во зимски услови при замрзнати и влажни коловози да ја намалат брзината на движење и да го прилагодат возењето на условите на патот, да држат безбедно растојание, да избегнуваат нагло запирање или забрзување на возилото, а се со цел нивна безбедност и безбедност на другите учесници во сообраќајот.
Фото: архива