fbpx

Полициски билтен: малолетници во угостителски објект по 24 часот, физички напад во Гевгелија

 Полициски билтен: малолетници во угостителски објект по 24 часот, физички напад во Гевгелија

На 20/21.01.2024, во времето од 23.00 до 04.00 часот, од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат Скопје била извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство малолетници после 24.00 часот, а во шест угостителски објекти биле констатирани прекршоци по Законот за инспекциски надвор. За констатираните прекршоци ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 20.01.2024 во 12.50 часот во Полициската станица Гевгелија, М.П.(59) од Гевгелија пријавил дека околу 10.00 часот во Гевгелија бил физички нападнат од Ѓ.П.Д.. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link