„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Фондацијата „Заев-едно општество за сите“ донираше комплетно опремено амбулантно возило на Струмичката болница
Фондацијата „Заев-едно општество за сите“ денеска на Струмичката болница и донираше комплетно опремено амбулантно возило. Директорот на Фондацијата, Зоран Заев, и ги предаде клучевите од возилото на директорката д-р Катерина Кузмановска, а на настанот присутвуваа и членот на Одборот на Фондацијата, д-р Венко Филипче и заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева.
Инаку, претходно во 2020 и 2021 година на болницата и беа донирани две амбулантни возила, кои заедно со заштитна опрема за вработените во Ковид центарот ги обезбеди семејството Заеви.