fbpx

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, приведени две лица

 Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, приведени две лица

На 26.01.2024 полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Р.А. (38) од Радовиш, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и во службениот разговор со него изјавил дека марихуаната ја набавил од Н.Б.(32) од Радовиш.  

Врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Радовиш извршиле претрес во домот на Н.Б., при што била пронајдена марихуана, дигитална вага, како и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Н.Б. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш.За настаните известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на истите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

(фото архива)

Share via
Copy link