„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Преку „Систем 48“ за 12 години решени над 13 илјади проблеми на граѓаните
Општина Струмица секогаш се трудела да го најде најбрзиот и најефикасен начин за решавање на секојдневните проблеми на граѓаните. Веќе 12 години е во функција општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми Систем 48, затоа што овие проблеми се и најчестите со коишто се соочуваат граѓаните. Токму поради тоа што овој сервис се покажа како најдобар избор, тој денеска се најде на дневен ред на тркалезната маса на којашто во организација на ИРИ во Скопје се промовираа и разменуваа добрите пристапи на локалната власт за градење на доверба на граѓаните.
За функционирањето на СИСТЕМ 48 и неговите придобивки за граѓаните на Струмица, на тркалезната маса говореше заменичката на градоначалникот, Елена Магеровска Паликарова.
-Во досегашното 12 годишно постоење на овој општински сервис се доставени и решени вкупно 13.033 проблеми на граѓаните, од кои најголем дел се од областа на уличното осветлување и собирањето на смет. Ова е одлична бројка којашто потврдува дека Систем 48 е навистина вистински сервис којшто добро си ја врши работата, прифатен е од граѓаните и ја има нивната доверба. Преку него ја зголемуваме и транспарентосноста на јавно достапните услуги кои ги нуди Општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми. Истовремено, овој сервис му овозможува на Градоначалникот, да ги следи, промовира, анализира и подобрува резултатите создадени од секоја општинска служба, рече Магеровска Паликарова.