„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Лекар од Радовиш пријавил дека бил физички нападнат
Вчера во 20:10 часот во Полициската станица Радовиш Х.Е.(36) од село Прналија, радовишко, лекар во Итна медицинска помош во Радовиш, пријавил дека околу 19:00 часот во просториите на Здравствен дом Радовиш, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Т.Д.(53) од Радовиш, соопоштија денеска од СВР Струмица.
Денеска во просториите на Полициската станица Радовиш бил извршен службен разговор со Т.Д., а за настанот е запознат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.