Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
До четврток променливо облачно со повремен дожд

До четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.
Утре врнежи ќе има попладне и во текот на ноќта кон среда, пообилни во западните делови. Во четврток претпладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Температурата ќе биде во пораст, особено во петок и за време на викендот кога на повеќе места ќе биде над 20 степени.