fbpx

Полициски билтен:78 прекршувања н а дозволената брзина, физички напади во Богданци и Струмица

 Полициски билтен:78 прекршувања н а дозволената брзина, физички напади во Богданци и Струмица

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

На 24.03.2024 во 10.35 часот во Полициската станица Струмица Б.К.(61) од Струмица пријавил дека околу 05.00 часот во казино во Струмица бил физички нападнат од Н.„Н“. од село Секирник, струмичко. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 24.03.2024 во 15.30 часот во Полициската канцеларија Богданци било пријавено дека во дворно место на улица „Првомајска“ во Богданци бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.К.(35) и Б.К. и двајцата од Богданци. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link