fbpx

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачко право

 Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачко право

Народниот правобранител информира дека повреди на избирачкото право може да се пријават на телефонски броеви и во подрачните канцеларии во Струмица, Кичево, Тетово, Битола, Штип и во Куманово.

Во канцеларијата на Народниот правобранител денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг од претседателските избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321, информираат од канцеларијата на омбудсманот. 

Освен на бесплатната телефонска линија, од канцеларијата на Народниот правобранител велат дека повреди на избирачкото право граѓаните ќе можат да пријават и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ во зградата на ТД „Макошпед“, спроти Спомен-куќата на Мајка Тереза.

Народниот правобранител информира дека повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на телефонскиот број (034)329-996, Кичево на (045)228-586, Тетово на бројот (044) 344-082, во Битола на (047) 242-310, Штип (032) 389-701 и во Куманово на телефонскиот број (031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните во остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Share via
Copy link