Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Загина пешак пред селото Костурино
На 07.05.2024 во 23.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, пред село Костурино, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(46) од село Куклиш, струмичко, удрило во пешакот Р.С.(44) од село Јосифово, валандовско, соопштија денеска од МВР.
По несреќата Р.С. била пренесена во Медицински центар Струмица, каде што од лекар била констатирана смрт.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.