fbpx

Во десетте општини од Југоистокот почна гласањето за вториот круг претседателски и парламентарни избори

 Во десетте општини од Југоистокот почна гласањето за вториот круг претседателски и парламентарни избори

На 273 избирачки места во десетте општини во Југоистокот почна гласањето за вториот круг претседателски и парламентарни избори. Право на глас имаат над 141 илјади гласачи, а сите избирачки места се отврени во 7 часот утрово и изборниот процес се одвива без проблеми.

Во Југоисточниот плански регион се гласа во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово.

Вчера гласаа болните и изнемоштените и затвореници од затворите во Струмица и Гевгелија.

Share via
Copy link