„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Хрват и радовишанка се обиделе да украдат пари од црква во Радовиш
МВР соопшти дека на вчера во 13:30 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С.Р.(37) од Република Хрватска и А.К.(37) од Радовиш. Тие се сомничат дека околу 07:30 часот од црква во Радовиш се обиделе да одземат пари, а откако биле забележани од клисарот во црквата, А.К. физички го нападнала, а С.Р. му се заканил со остар предмет, по што го напуштиле местото.
Во службен разговор во Полициската станица Радовиш тие го признале делото, по што биле задржани.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.