fbpx

Пешак потешко повреден откако во него удрил трактор управуван од малолетничка

 Пешак потешко повреден откако во него удрил трактор управуван од малолетничка

Вчера во 21:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат од брана „Иловица“ кон село Иловица, струмичко, трактор без регистарски ознаки, управуван од малолетничка од село Иловица, удрил во пешакот Н.К.(26) од село Иловица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link