Полициски билтен:радовишанец осомничен дека извршил обљуба врз поранешна сопруга, изгореле трактор и атомизер во Калугерица
На 10.06.2024 во 17.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода С.Н.(42) од радовишко село, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата поранешна сопруга. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.06.2024 во 06.50 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во помошен објект во село Калуѓерица, радовишко, сопственост на Н.Д.(61) од Радовиш, при што бил опожарен трактор и атомизер. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.