fbpx

Полициски билтен:тешко повредени двајца мотоциклисти во Гевгелија, пожар кај Удово

 Полициски билтен:тешко повредени двајца мотоциклисти во Гевгелија, пожар кај Удово

На 13.06.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во село Негорци, гевгелиско, К.Т.(31) од село Прдејци, гевгелиско, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.

На 13.06.2024 во 15.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Љ.П.(49) од Гевгелија и патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.Ќ.(31) од Богданци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.

На 13.06.2024 околу 16.30 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во атар на село Удово, валандовско, настанал пожар во кој биле опожарени две ниви. Повредени лица нема, а по интервенција на Територијалната противпожарна единица Валандово пожарот бил изгаснат. Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

Share via
Copy link