fbpx

Полициски билтен:пријавенa обљуба врз врз жителка од Радовиш,физички напад на пазар

 Полициски билтен:пријавенa обљуба врз врз жителка од Радовиш,физички напад на пазар

На 23.06.2024 во 01.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода М.Р.(28) од Радовиш, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз жителка на радовишко. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.06.2024 во 07.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода К.Р.(48) од село Баница, струмичко. Тој, околу 07.00 часот на Градскиот пазар во Радовиш физички нападнал вработен во Јавно претпријатие „Плаваја“ – Радовиш, кој во моментот извршувал службени задачи. По целосно документирање на случајот против К.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link