fbpx

Во Југоистокот се активни три пожари

 Во Југоистокот се активни три пожари

Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на територијата на Југоисточниот регион се активни три пожари, од кои најголем е оној на планината Огражден во Општина Ново Село, над село Бадилен, местото Шамок ( борова шума ), кој гори веќе петти ден.

Во Општина Гевгелија пожар има помеѓу селата Негорци и Кованец ( мешовита шума ). а во Општина Конче гори ниско стеблеста шума-бро кај селата Горни и Долни Липовиќ.

Share via
Copy link