„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Расчистени шест тешки кражби во радовишко, сторителот приведен, следува кривична пријава
Радовишката полиција синоќа во 20.15 часот го лишила од слобода И.А.(31) од село Габревци, општина Конче, кој се сомничи дека во април и јули 2024 на подрачје на општина Конче извршил шест кривични дела „тешка кражба“, од кои пет во куќи и една во викенд куќа.
Како што информираат денеска од МВР, лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.