Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Полициски билтен: починало бебе во Богданци, пожар во Радовиш, пронајден канабис во Гевгелија
На 24.07.2024 во 09:10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе, кое од раѓање имало здравствени проблеми и подолг период било хоспитализирано. Екипа од ОВР Гевгелија извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
На 24.07.2024 во 08.20 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на бул.„Александар Македонски“ во Радовиш. Во пожарот со изгореници се здобиле вработените В.Р.(54) и И.Т.(50), двајцата од Радовиш. Пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.
На 24.07.2024 во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Ј.Н.(48) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени стебла канабис и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.