28 пожарникари и 7 против пожарни возила го гаснеа пожарот на патот од Владевци кон Радовиш
Мотоциклист потешко повреден на патот Радовиш-село Ињево
На 29.07.2024 во 21:50 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Ињево, радовишко, Р.Р.(26) од Радовиш, управувајќи мопед „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Р., констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.