fbpx

Полициски билтен: физички напад во Струмица, пронајдени мигранти во товарен воз

 Полициски билтен: физички напад во Струмица, пронајдени мигранти во товарен воз

На 25.08.2024 во 17.10 часот во Полициската станица Струмица, К.Д.(59) од Струмица пријавил дека околу 11.00 часот во Струмица бил физички нападнат од Г.М. од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.08.2024 во 06.10 часот кај с.Смоквица, гевгелиско, при проверка на товарен воз кој сообраќал на релација Граничен премин Богородица до с.Трубарево, скопско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица пронашле две лица мигранти, кои биле предадени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија.

Share via
Copy link