fbpx

Општина Струмица го одбележа Денот на независноста

 Општина Струмица го одбележа Денот на независноста

Денеска пред споменикот на Гоце Делчев – еден од сонувачите и борците за самостојна Македонија, Општина Струмица организираше одбележување на 8 Септември – Денот на независноста на нашата македонска татковина.За историографијата на празникот и неговото значење зборуваше Елена Магеровска Паликарова, заменик градоначалник на општина Струмица, која меѓу другото истакна:

-Од една страна сме горди на големината на овој историски ден, а од друга страна, со многу „прашалници“ во нашите глави, ги бараме одговорите на прашањата: што сторивме во овие 33 години за оваа наша земја, што можевме да сториме за да бидеме многу позадоволни отколку што сме и дали она што како реалност го имаме на показ е вистински одраз на нашиот влог во растежот на Македонија. Мора да знаеме дека Денот на независноста се прогласува само еднаш, но треба да се чува и негува засекогаш, рече Магеровска Паликарова.

Share via
Copy link