Приведен Грк во Гевгелија, пријавен дека физички нападнал гевгеличанец
СВР Струмица соопшти дека вчера во 13:00 часот полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го привеле грчкиот државјанин К.П.(63), постапувајќи по претходна пријава дека околу 11.30 часот во Гевгелија физички го нападнал И.С.(36) од Гевгелија.
По документирање на случајот, против него е поднесен соодветен поднесок.
Фото: архива илустрација