„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костадинов му посака добредојде во Струмица на амбасадорот на Црна Гора
-Денеска ја имав честа да му посакам добредојде во Струмица на амбасадорот на Црна Гора во Северна Македонија, Зоран Миљаниќ со желба за успешна дипломатска мисија.Како новоименуван амбасадор во нашата држава од пред еден месец, господин Миљаниќ покажа посебен интерес за Струмица, а јас со задоволство му ги презентирав капацитетите и можностите коишто ја прават посебна и различна од останатите општини во државата и регионот, особено со воведувањето на целосно електричен јавен превоз.Разговаравме и за соработката меѓу двете држави и како да ја зајакнеме и на локално ниво затоа што таква желба има и од двата народа кои имаат многу заеднички интереси, взаемно почитување и искрено пријателство, објави градоначалникот Костадин Костадинов.