„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Градоначалникот на Дојран повикува на заедничка борба за спас на Дојранското Езеро
Почитувани сограѓани, пријатели и посетители на Дојран,
По повод последните објави, пишувања и загриженост од страна на граѓани и вљубеници на Дојран и Дојранското Езеро, а во врска со повлекувањето на водата и нефункционирањето на Хидросистемот за спас на Дојранското Езеро, не можам да останам имун и сакам да Ве известам за следново:
1. Одговорноста за нефункционирањето на Хидросистемот е во Министерството за животна средина, а не во општина Дојран! Министерството за животна средина е надлежно и одговорно за управување, финансирање и функционирање на овој хидросистем.
2. Општина Дојран во повеќе наврати има испраќано дописи (во прилог) во кои се наведува итноста за пуштање на хидросистемот. Се одржаа и неколку состаноци на кои се утврди дека е прво потребна реконструкција, па пуштање на истиот во функција, а за сето ова беше потребно да се обезбедат средства со ребалансот на Министерството за животна средина, НО со ребалансот во август месец оваа година истото не беше направено. Поради тоа спремна е и информација до Влада со која очекуваме да наидеме на разбирање и во најбрз можен рок да се стави точка на дневен ред и по истата да се донесе Одлука со која ќе се наложи на Министерството за животна средина да се алоцираат средства за реконструкција и пуштање на хидросистемот во употреба.
3. Поради ваквиот факт и фактот дека од оваа ситуација најзасегната е општина Дојран и јас како градоначалник, сакам да ја најавам и да Ве повикам сите заедно да ја започнеме најголемата кампања досега за нашиот Дојран, за нашиот бисер Дојранското Езеро, да ја извојуваме најголемата битка што ни претстои во овој момент. КОГА Е ВО ПРАШАЊЕ НАШИОТ БИСЕР ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО, НЕМА ПОЛИТИКА И ПОДЕЛБИ, ТУКУ ЗАЕДНО СПЛОТЕНИ ДА ЈА ПОСТИГНЕМЕ ГЛАВНАТА ЦЕЛ-СТАВАЊЕ НА ХИДРОСИСТЕМОТ ВО ФУНКЦИЈА!4. За таа цел Ве повикувам на 09.11.2024 година со почеток од 09 часот на најголемата еко акција за расчистување на крајбрежјето и почеток на заедничката борба за СПАС НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО.
Фото: архива