Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Љачев:најголема благодарност до вработените во Филтер станицата за обезбедување вода за пиење
Почитувани граѓани на Струмица и населените места Дабиле,Просениково,Добрејци,Градско Балдовци,Водоча и Баница,
Од денес престанува да важи забраната на водата за пиење,а тоа значи дека ВОДАТА ОФИЦИЈАЛНО Е ПИТКА!Благодарност до сите вработени од ЈПКД „Комуналец“ Струмица за несебичниот придонес во надминување на проблемот со водата за пиење.Посебна благодарност до нашите вработени кои го спроведоа Планот за водоснабдување во вонредни околности,со што докажаа дека се спремни и способни да обезбедат питка вода до сите корисници.Најголема благодарност до вработените на филтер станицата,пред нив беше најголемиот предизвик и најголемата цел,да произведат вода за пиење која ќе одговара на Правилникот за безбедност на водата.Таа цел ја остварија со нивниот деноноќен труд,на што сум им бескрајно благодарен.Како претпријатие ќе им се оддолжиме.
Благодарност до Градоначалникот и Општина Струмица за моралната,материјалната и логистичка подршка.
Благодарност до медиумите за објективното информирање,секогаш базирано на факти,документи и изјави од релевантни учесници.
За крај благодарност до граѓаните на Струмица и 6-те населени места за нивното одговорно однесување во сите денови на криза,за тоа што тешките денови за „Комуналец“, не ги направија уште потешки.