„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костадинов на средби со граѓаните во Муртино, Банско и Габрово
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, вечерва беше на собири со граѓаните во Муртино, Банско и Габрово, каде со жители од овие населени места разговараше за идните проекти кои треба да ги реализира Општината.
Информацијата ја објави на својот фејсбук профил.
-Вечерва бев на јавни собири во Муртино, Банско и Габрово, каде што со жителите разговаравме за досегашните, но и за идните проекти што ќе ги реализира Општина Струмица. Имав можност да споделам со граѓаните информации за тековните активности во нивните населби и да ги слушнам нивните идеи и потреби. Нашата општина е посветена на развој и унапредување на условите за живеење, и секое населено место има клучна улога во тој процес. Со оваа стратегија се стремиме да го подобриме квалитетот на живот за сите жители на Струмица, напиша струмичкиот градоначалник.