„Планетум“ го заврши проектот “ Чист воздух, едуцирај и делуваj”

 „Планетум“ го заврши проектот “ Чист воздух, едуцирај и делуваj”

Денеска во просториите на Дом на Арм – Струмица ЕД „Планетум“ го одржа завршниот настан на проектот “ Чист воздух, едуцирај и делуваj”.

Проектот е поддржан и финансиран од УНДП под покровителство на Шведска.Истиот траеше од ноември 2023 лани до август годинава со континуирано и навремено одвивање на проектните активности насочени кон едукација, заштита од изворите на загадување и предлагање мерки за намалување на аерозагадувањето во општина Струмица.

Присутни беа средношколците од трите средни училишта во Општина Струмица кои помогнаа во изработка на интерактивната мапа на загадувачи која беше презентирана на самиот настан.

Се презентираа и сите останати проектни активности, се доделија сертификати на сите учесници кои беа дел од проектните активности и се доделија 6 мобилни индикативни уреди за мерење на загаденоста на воздухот ( за надворешен и за внатрешен простор).

Share via
Copy link