“Фолклорна Низа” го одржа традиционалниот заеднички новогодишен концерт – Големи и мали
Уапсени крадци од Радовиш
МВР соопшти дека на 16 овој месец во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода В.Ј.(29), С.А.(28), С.Р.(32) и Т.М.(24), сите од Радовиш, поради сомнение дека во декември 2024 година извршиле четири кривични дела „тешка кражба“ во продажни објекти, од кои три на подрачје на Радовиш и една на подрачје на Струмица.
Лицата биле задржани во полициските станици во Радовиш и Струмица, а врз основа на судски наредби биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делата.
На 16.12.2024 во Полициската станица Радовиш бил повикан и И.М.(27) од Радовиш. Тој и Т.М. во службен разговор ги признале делата.
Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Фото: илустрација МВР