Турчин возел 210 километри на час на автопатот кај Гевгелија
Уапсен радовишанец кој со сила одзел личен предмет

МВР соопшти дека полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Џ.Д.(36) од Радовиш. Тој се сомничи дека на 17.12.2024 на ул.„Партизанска“ во Радовиш со употреба на сила од Н.М.(39) од Радовиш одзел личен предмет.
Во службен разговор во Полициска станица Радовиш, Џ.Д. го признал делото.
Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против Џ.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.