Полициски билтен: Физичка пресметка во Калково, валандовско, физички напади во Радовиш и Струмица
Костадинов: Не постои поголема радост од детскиот глас кој го слави Христовото доаѓање!
-Не постои поголема радост од детскиот глас кој го слави Христовото доаѓање! Многу ми е мило што и оваа година, во Струмица, ги продолжуваме традициите и ги негуваме вистинските вредности.Xристијанската инспирација ги поттикна најмладите да учествуваат во детската бадникова поворка, која е прекрасен предвесник на утрешниот голем празник – Рождеството Христово, Божиќ.
Прекрасните деца со многу љубов и радост пеја бадникарски песни, најавувајќи го раѓањето на Исус Христос и го донесоа духот на празникот во нашите срца. Нека Бадник донесе благослов и радост во вашите домови! Среќен празник!, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.