Полициски билтен:физички напади во Струмица и Радовиш

 Полициски билтен:физички напади во Струмица и Радовиш

На 11.01.2025 во Полициската станица Струмица биле приведени Д.К.(35) од Струмица и Ј.М.(37) од село Калугерица, радовишко. Тие во Струмица физички го нападнале С.Д.(41) од Струмица. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.01.2025 во 05.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш во Полициската станица Радовиш биле приведени Б.З.(41), Б.М.(36) и Б.М.(37), сите од Радовиш. Лицата околу 04.30 часот на ул. „8ми Септември“ во Радовиш го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.З.(41) од една страна и Б.М.(36) и Б.М.(37) од друга страна. Б.М. и Б.М. биле задржани во Полициската станица Радовиш. Полициската станица Радовиш презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Share via
Copy link