Пожарникарите денеска гаснеа два пожари на отворено,горел и електричен столб
-Денеска, по претходна пријава од општински инспектор, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и тројца пожарникари-спасители интервенираше на две локации:атарот на селата Свидовица и село Банско и во близина на Булевар „Климент Охридски“ покрај одводниот канал. И на двете локации беше запалена сува трева, ѓубре и електричен столб, соопштија струмичките пожарникари.
Пожарите се успешно локализирани и ликвидирани за кратко време после пристигнувањето.
Фото: принт скрин ТППЕ Струмица