СДСМ со закон бара намалување на ДДВ за струја од 18 на 5 отсто
Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, денеска во Собранието на Република Северна Македонија, поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, со кој е предвидено намалување на данокот за електричната енергија од 18 на 5 отсто, како и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи.
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција во Собранието, посочи дека со оваа мерка значително ќе се намалат сегашните високи сметки за електрична енергија.
-Намалувањето на ДДВ за електричната енергија ќе значи 13 отсто пониски сметки, односно поевтина струја за над 600 илјади домаќинства. За сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе заштедат околу 400 денари – износ што, наместо да оди во државниот буџет, ќе остане во семејните буџети, рече Битиќи.