Секретарот на Општина Струмица, Оџаков, во посета на Шведска посветена на климатска акција
Костадинов:Бараме одговор зошто се блокира реконструкцијата на патот Струмица – Дабиле во булеварско решение
-Почитувани претставници на власта на ВМРО ДПМНЕ, Јас и цела Струмица бараме одговор зошто се блокира реконструкцијата на патот Струмица – Дабиле во булеварско решение?, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Ова е многу голем проблем за нас струмичани, но и оние кои патуваат до Бугарија, Ново Село, Берово и за индустриската зона во којашто егзистираат триесетина компании коишто гледаат фамилии и даваат плати со чесно заработени пари. Овој проект за којшто ние сме сакале да покажеме партнерски однос кон државата и сме потпишале Спогодба е блокиран поради неспособност или поради водење инает со цела Струмица. Оваа Спогодба општина Струмица ја има потпишано со Јавното претпријатие за државни патишта кое е под ингеренции на Министерството за транспорт и врски, а кое требаше целосно да ги реши сите имотно – правни односи за потребното земјиште. Но, од кога е потпишана Спогодбата експропријацијата не е решена, а со тоа ниту нашиот изведувач на општина Струмица, ниту изведувачот на ЈПДП, ниту ЕВН кој што треба да направи дислокација на одредени столбови, не можат да работат заради незавршени имотно – правни односи. Кој и зошто ја блокира општина Струмица?И јас и граѓаните заслужуваме одговор, затоа што станува збор за една од најфреквентните делници во Македонија и ова повеќе нема да го толерираме. Крајно време е сите да се фатиме за работа наместо како делегации да трошиме по 200 илјади евра во еден правец.Инаетот со Струмица и струмичани, носи само пораз, напиша струмичкиот градоначалник.