Претреси на подрачје на СВР Струмица, пронајдена дрога, приведени дилери
Градоначачалникот Костадинов ги прими членовите на Кик бокс клубот „Тим Зоран“, освојувачи на медали во Бугарија
-Спортистите се најголемите амбасадори на нашата Струмица и секогаш се гордееме со нивните успеси.Од едно успешно учество на Европски куп од Пловдив во Бугарија, се вратија членовите на Кик бокс клуб Тим Зоран, а кои денеска беа мои гости, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Во силна конкуренција со учесници од скоро сите европски држави, тие се вратија со 2 златни и еден бронзен медал.Разговаравме за резултатите и конкуренцијата на Европскиот куп, за предизвиците на овој спорт и учеството на следните натпревари.Им посакав многу успех понатаму и им ја потврдив мојата и поддршката од Oпштина Струмица, напиша струмичкиот градоначалник.