Гевгеличанец се претставувал како полицаец, барал пари за повреден роднина од Кочани
Костадинов: Во наредните денови ќе се реализираат вежби за евакуација во училиштата
-Во соработка со директорите на основните и средните училишта на територијата на општина Струмица, во наредните денови ќе се реализираат вежби за евакуација на учениците и училишниот персонал во случај на пожар. Вежбите ќе бидат организирани со учество на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица, објави градоначалникот Костадин Костадинов.
-Апелирам до сите граѓани да не создаваат паника ако забележар невообичаени случувања или интервенции на терен, бидејќи станува збор за вежби и симулации.Овие активности се дел од нашите редовни подготовки за брзо и ефективно реагирање во случаи на непредвидени настани, и се изведуваат со цел зголемување на безбедноста на нашите ученици и вработени.Таквите вежби во различни училишта ќе ги има еднаш неделно, напиша струмичкиот градоначалник.