19 годишно момче од Миравци почина откако со автомобилот излетал од патот
Костадинов:Кај 24 угостители се констатирани неправилности,нема да добијат одобрение за користење јавна површина
-Согласно издадената наредба со бр.09-2052/1 на ден 21.03.2025 година за вршење вонредни надзори од страна на општинскиот инспекторат со координиран пристап на градежни, комунални и инспектор за животна средина направени се надзори на угостителски објекти во централното градско подрачје.Благодарност до сите угостители кои соработуваа и постапуваа, согласно законските одредби кои се на сила.За 24 правни лица за кои е констатирана неправилност и во законските определени рокови не постапиле на ден 17.04.2025 година, доставивме списи до секторот за урбанизам при општина Струмица со насоки за постапување, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Субјектите кои не постапиле согласно констатираните забелешки на инспекторите го губат правото да добиваат одобрение за користење јавна површина.До секторот за инспекциски работи при општина Струмица, да постапат согласно овластувањата, да достават известување до Државниот Пазарен Инспекторат, со цел да дејствуваат во рамките на своите надлежности, а кои се однесуваат на вршење дејност според сите законски нормативи, стандарди и важечки прописи.Субјектите кои постапиле согласно констатацијата на инспекторите не добиваат решенија и не го губат правото на користење на јавна површина, напиша струмичкиот градоначалник.