19 годишно момче од Миравци почина откако со автомобилот излетал од патот
19 годишно момче од Миравци почина откако со автомобилот излетал од патот
Денеска (19.04.2025) околу 04 часот во ОВР Гевгелија, било пријавено дека на регионален пат меѓу селата Миравци и Давидово, патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(19) од село Миравци, гевгелиско, излетало надвор од коловозот. На местото на настанот починал Т.П., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Гевгелија.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.