СВР Струмица го одбележа Денот на македонската полиција

 СВР Струмица го одбележа  Денот на македонската полиција

Со пригодна програма и изложување цртежи и поетски творби од распишаниот литературен конкурс на тема „Хероите носат униформа-но и срце“, кој го распиша Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ од Струмица, денеска во СВР Струмица беше одбележан 7 Мај-Денот на македонската полиција.

На свеченоста се обратија директорот на Бирото за јавна безбедност, Атанас Јанев и началникот на СВР Струмица, Дејан Ефтимов.

На повеќе загинати припадници на полицијата постхумно им беа доделени признанија, а повеќе институции им беа доделени благодарници и признанија за успешната сорботка со полицијата.

Share via
Copy link