Струмичките пожарникари се вклучија во потрагата по исчезнатиот Блажо Муртинлиев
Денеска, во попладневните часови, по барање на градоначалникот Костадин Костадинов, ТППЕ Струмица со неколку пожарникари-спасители, членови на тимот за пребарување и спасување активно се вклучи во претрагата на исчезнатиот Блажо Муртинлиев, чија траг се губи пред четири дена кога го напуштил својот дом.
Со специјална опрема и термален дрон беа пребарани неколку тешко достапни локации покрај трим патеката Св.Илија и неколку други локации посочени од неговата фамилија.
-За жал во овие моменти претрагата сеуште е без резултат. Во текот на утрешниот ден ТППЕ Струмица ќе продолжи со пообемна и посеопфатна претрага на уште неколку локации, се додава во информацијата на струмичките пожарникари.